SHQIP  |  ENGLISH 

 
Fillimi    PREZANTIMI I ALBSIG SH.A.    Kontakt    Sitemap

ПРОДУКТИ

ИМОТНИ ОСИГУРУВАЊА
  • Индустрија
  • Пожар цивил
  • Хипотекарни кредити
  • ОСИГУРУВАЊЕ НА МАШИНИ
    ОСИГУРУВАЊЕ ОД КРАЖБА
    КРШЕЊЕ НА СТАКЛО
    ОБЈЕКТИ ВО ГРАДБА
    ОБЈЕКТИ ВО МОНТАЖА
    МОТОРНИ ВОЗИЛА
  • Aвтомобилска одговорност
  • Каско осигурување
  • Зелена карта
  • ОДГОВОРНОСТ
  • На стечајни управници
  • На нотари
  • На ревизори
  • На геодети
  • КОМПЈУТЕРИ, ПРОЦЕСОРИ
    ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ
    ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА
  • Несреќен случај
  • Патничко-здравствено осигурување
  • ТРАНСПОРТНИ
  • Осигурување на пратки во домашен и меѓународен транспорт
  • РЕЧНО ЕЗЕРСКА ОДГОВОРНОСТ ПРЕМА ТРЕТИ ЛИЦА
    РИЗИК ОТКУП НА ФАЛСИФИКУВАНИ СТРАНСКИ СРЕДСТВА ЗА ПЛАЌАЊЕ
    ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОМАЌИНСТВА
     
     
     

    ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТООДГОВОРНОСТ

    Осигурување на сопствениците односно на корисниците на моторни возила од одговорност за штети причинети на трети лица (осигурување од автомобилска одговорност).

    Поради заштита на сопствените економски интереси, сопствениците на моторните возила се должни по закон да склучат договор за полиса за осигурување од автомобилска одговорност за штети кои со употреба на моторните возила ќе нанесата на трети лица поради смрт, незгода, нарушување на здравјето, како и уништување или оштетување на стварите.

    Со склучување на договор (полиса) со нашата компанија од автомобилска одговорност, ние наместо Вас ќе ја плаѕтиме штетата која би ја претрпеле третите лица, ако до сообраќајната незгода е дојдено по Ваша вина.

    Право на одштета имаат сите лица кои се наогаат во возилото кое е причинител како и во возилото кое е оштетено.

    Лица кои немаат право на надокнада на штета по полисата од автоодговорност:

    1. Возачот на возилото и неговите законски наследници поради смрт или телесни повреди на возачот,
    2. сопственик, косопственик И секој друг корисник на возилото во случај на штети на стварите.

    Во случај на немање на штета во претходната година, се одобрува попуст (бонус) од 5%, кој може да изнесува највеќе до 25%.

    Во случај на штета се пресметува доплаток (малус) во зависност од бројот и висината на штетата.

    Правото на бонус или малус е поврзано со сопственикот на моторното возило, кое право може да се пренесе и на сопружникот/чката , доколку возилото се продаде или одјави (ова се однесува на автомобили и моторцикли).

    Попусти:

    1. 10% попуст за воени инвалиди, трудови инвалиди, кои при купување на патнички автомобили имале право на намален данок. Попустот може да се добие исклучиво врз основа на соодверна писмена документација.

    Возраст на договорувачот Доплаток на премија
    До 22 години 15%
    Од 22-26 годни 10%
    Над 70 години 15%

    Дополнително осигурување од незгода/автонезгода

    Ова осигурување е доброволно осигурување на лица (патници) во случај на смрт, ивалидитет и нарушено здравје од последици на несреќен случај (незгода).

    Осигурувањето од незгода можете да го договорите како дополнително осигурување со нашата полиса од овтоодговорност/ автокаско.

    Осигурените суми Вие сами ги избирате.

    Осигурајте се, себе си и патниците во вашето возило !


    Во случај на сообраќајна незгода

    Во случај на сообраќајна незгода-запишете ја регистарската табличка, адреса, име И презиме на сопственикот и корисникот на возилото на учесникот во незгодата, податоци за осигурувачот од автомобилска одговорност (име на осигурувачот, бр. на полисата, а дколку се работи за странско возило, тогаш бројот И важноста на зелената карта). Доколку нема зелена карта, тогаш да го запишете бројот на полисата и шифра на осигурувачот.

    Веднаш да пријавите во најблиската полициска станица, и почекајте да дојдат овластени случбени лица кои ќе извршат увид.

    Доколку сообраќајната несреќа се случи со возило од Р. Македонија, Вашето барање за одштета (пријава на штета) ќе го доставите во компанијата каде штетникот е осигурен.

    Во случај на судир со неосигурено возило-се надокнадува целокупната настаната штета како на лицата (нематеријална) така и штета на ствари (материјална).

    Делумно каско-кршење стакло на патнички и товарни моторни возила

    Осигурувањето делумно каско - кршење стакло се склучува со задолжителна франшиза од 50 ЕУРО , која се однесува само на предно и задно ветробранско стакло (не се однесува на странични стакла).

    Франшизата од 50 Еуро се применува кај пријавувањето на втора штета, треат, итн.

    Во случај на штета, веднаш да пријавите во најблиската филијала на друштвото за осигурување * АЛБСИГ * Скопје, како би се извршила навремена процена.



    ВЕСТИ И НАСТАНИ
    МАРКЕТИНГ
     

    2008 Albsig, all rights reserved.