ОСИГУРУВАЊЕ НА ХИПОТЕКАРНИ КРЕДИТИ
Според овој вид на осигурување , предмет на осигурување се:
- А) згради и станови (куќи) на осигуреници од јавниот нестопански и непроизводен сектор ;
- Б) гостилници и бифиња;
- В) гаражи за сопствена употреба.
- Г) складови ( магацини )
- Д) продавници (разни)
Осигурени ризици
- 1. ПОЖАР Освен ако штетата настанала без развивање на пламен (дим, прегрејување, осмаденост и сл.)
- 2. ГРОМ Со осигурувањето не се опфатени штети на електрични апарати настанати со пренесување на електрична енергија преку водови како последица на удар на громот.
- 3. ЕКСПЛОЗИЈА, освен експлозија, намерна или не, настаната како последица од било какво експлозивно тело, направа или уред (бомба, мина, експлозив, муницијаи сл.).
- 4. ЛУЊА, (во смисол на ветер со брзина поголема од 62 км на час) И ГРАД
- 5. ГРАЃАНСКИ БЕЗРЕДИЈА, СИНДИКАЛНИ И ПОЛИТИЧКИ СОБИРАЊА
- 6. ЛЕТАЛА
- 7. ИЗЛЕВАЊЕ НА ВОДА ОД ПРСНАТИ ИНСТАЛАЦИИ ВО СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ
Со осигурувањето не се покриени објекти чиј покрив е направен од слама, трска, кал или дрво.
|