ОСИГУРУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ СМЕТАЧИ, ПРОЦЕСОРИ И СЛ.УРЕДИ
Предмет на осигурување
Предмет на осигурување може да бидат електронски сметачи, печатари, процесни сметачи и слични електронски уреди што се сопственост на осигуреникот и на лицата што со него живеат во заедничко домаќинство.
Со овој вид на осигурување Вашата електронска опрема е заштитена од пожар и некои други опасности, провална кражба и разбојништво, кршење и расипување.
Оваа комбинација на повеќе видови осигурување и дава сигурна заштита на Вашата електронска опрема.
Доколку посебно се договори, осигурените ствари може да се осигураат и од дополнителен ризик од поплава, порој и високи воид, лизгање на терен и одронување на земјиште, слегнување на тло, снежна лавина.
|