ОСИГУРУВАЊЕ НА МАШИНИ ОД КРШЕЊЕ И НЕКОИ ДРУГИ ОПАСНОСТИ
Предмет на осигуруваење;
Предмет за осигурување можат да бидат предмети и тоа;
Машини, машински уреди, лектрични уреди и нивно полнење, доколку вредноста на полнењето е содржана во вредноста на осигурените предмети, апарати и инсталации, заедно со основата, лежиште и темелот, доколку нивната вредност се содржи во вредноста на монтажата.
Ако одделно се договори, предмет на осигурување може да бидат и далноводи, кабловски водоводи со висок напон, цевководи, гасоводи, нафтоводи и топловоди, водоводна и канализациона мрежа, котловски постројки-комплет и уреди за горење, компресори со компресорска станица, трафостаници, инсталации и централно греење, основи, лежишта и темели кога нивната вредност не е содржана во вредноста на осигурениот предмет, багери и рудници (површински коп), матални силоси и сл. метални конструкциии, антенски столбови, дупчалки и тешки шипки, работни шипки, армирани свеливи цефки за плакнење под притисок, премини и стабилизатори на дупки, ленти , синџири и јажиња на транспортни уреди, валци и валалнични станови, крипен алат, електронски сметачи.
Со осигурувањео можат да бидат опфатени сите машини (групно) или само одделни машини
Осигурени предмети се само оние кои се означени во полисата.
Осигурени опасности - ризици
Со осигурувањето се дава осигурителна заштита од оштетување или уништување на осигурените предмети од незгода во погонот,под кое се подразбираат настаните случени непредвидено и одненадеж во врска со користење на осигурениот предмет и тоа:
1. Грешка во материјал,изработка во конструкција
2. Непосредно дејство на ел.енергија,пренапон и ел.лак
3. Распагање поради дејство на центрифугална сила
4. Недостаток на вода во парни котли и апарати со пареа, освен во случај во кој следи експлозија
5. Мраз, притисок на мраз или снег,или непосредно движење на мраз
6. Над притисок или под притисок (имплозија)
7. Откажување на уредите за заштита и регулирање,како и на елементите за автоматско управување со кои машината е опремена
8. Неспретност, невнимание или лоша намера на работниците или некое друго лице
9. Поради пагање на осигурени предмети, удар или навлегување на страно тело во осигурениот предмет
10. Заглавување во текот на дупчење на дупкиv
|