SHQIP  |  ENGLISH 

 
Fillimi    PREZANTIMI I ALBSIG SH.A.    Kontakt    Sitemap

ПРОДУКТИ

ИМОТНИ ОСИГУРУВАЊА
  • Индустрија
  • Пожар цивил
  • Хипотекарни кредити
  • ОСИГУРУВАЊЕ НА МАШИНИ
    ОСИГУРУВАЊЕ ОД КРАЖБА
    КРШЕЊЕ НА СТАКЛО
    ОБЈЕКТИ ВО ГРАДБА
    ОБЈЕКТИ ВО МОНТАЖА
    МОТОРНИ ВОЗИЛА
  • Aвтомобилска одговорност
  • Каско осигурување
  • Зелена карта
  • ОДГОВОРНОСТ
  • На стечајни управници
  • На нотари
  • На ревизори
  • На геодети
  • КОМПЈУТЕРИ, ПРОЦЕСОРИ
    ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ
    ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА
  • Несреќен случај
  • Патничко-здравствено осигурување
  • ТРАНСПОРТНИ
  • Осигурување на пратки во домашен и меѓународен транспорт
  • РЕЧНО ЕЗЕРСКА ОДГОВОРНОСТ ПРЕМА ТРЕТИ ЛИЦА
    РИЗИК ОТКУП НА ФАЛСИФИКУВАНИ СТРАНСКИ СРЕДСТВА ЗА ПЛАЌАЊЕ
    ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОМАЌИНСТВА
     
     
     

    НЕЗГОДА

    1. Осигурување на лица од последица на несреќен случај (незгода)

    Осигурувањето од несреќен случај опфаќа доброволно осигурување на лица од последица на несреќен случај, при вршење на редовни занимања, како и надвор од нив, и осигурување на посебни активности или дејности до кои може да дојде до несреќен случај и задолжително осигурување на патници во јавен превоз.

    Што е несреќен случај?

    Несреќен случај е секој изненаден и од волјата на осигуреникот независен настан кој, делувајќи воглавно однадвор и одеднадеж на телото на осигуреникот, има за последица смрт, целосен или делимичен инвалидитет, привремена неспособност за работа или нарушено здравје кое бара лекарска помош.

    Кој може да се осигура?

    Осигуреници по правило можат да бидат лица со навршени 14 години до 75 години. Лицата кои се помлади од 14 год. а постари од 75 години, можат да се осигураат по дополнителните услови за осигурување од несреќен случај (незгода). Осигурувањето може да го договори секое правно или физичко лице кое има интерес да склучи осигурување.

    Кои ризици може да се договорат?

    Осигурување на лица од последица на несреќен случај (незгода) можат да се договорат за следниве осигурени ризици:

    • во случај на смрт од последици на несреќен случај;
    • во случај на смрт поради болест;
    • во случај на траен инвалидитет од последици на несреќен случај (во понатамошниот текст инвалидитет);
    • во случај на преодна неспособност за работа (дневен надомест);
    • во случај на нарушување на здравјето, што бара лекарска помош (трошоци за лекување);
    • изгубена заработувачка, само кај задолжителните осигурувања;
    • целосен траен инвалидитет од незгода, само кај дополнителните осигурувања со патничкото осигурување;
    • делумен траен инвалидитет од незгода, само кај дополнителните осигурувања со патничкото осигурување.

    При склучување на осигурувањето задолжителни се осигурувањата поради смрт од несреќен случај и траен инавалидитет.

    Траење на осигурувањето?

    Осигурувањето на лица од последица на несреќен случај по правило се договара во траење на една година, меѓутоа може да се договори на пократок рок (од еден дена па натака). Кај колективните осигурување може да се договори и повеќегодишно или долгорочно осигурување. Осигурувањето по правило нуди покритие 24 часа наден и без територијално ограничување, но може да се склучи и само за време на работа, за време на патување, спортски активности и сл.

    Видови на доброволни осигурувања од последица на несреќен случај (незгода)

    Помеѓу бројните видови на осигурувања од нашата понуда, Вие можете да изберете:

    • осигурување на лица при и вон вршењето на редовното занимање;
    • осигурување на лица во моторни возила и при вршење на посебни дејности;
    • осигурување на деца и училишна младина;
    • осигурување на гости и посетители;
    • осигурување на потрошувачи;
    • останати посебни осигурувања;
    • задолжителни осигурувања (патници во јавен превоз);

    Покрај овие видови на осигурување, по желба на договорувачот и осигуреникот Ви нудиме и осигурување на лица од последица на несреќен случај и на високоризични спортови (падобранство, параглајдерство, банџи и сл.)

    • ОСИГУРУВАЊЕ НА ЛИЦА ОД ПОСЛЕДИЦИ НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ ПРИ ИЗВРШУВАЊЕ И ВОН ИЗВРШУВАЊЕ НА РЕДОВНО ЗАНИМАЊЕ
    • поединечно (индивидуално) осигурување на лица;
    • дополнително осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување живот;
    • колективно осигурување на работници;
    • осигурување на членови на домаќинства;
    • колективно осигурување на членови на домаќинство на земјоделски производители;
    • колективно осигурување на пензионери;
    • осигурување на раководители (менаџери);
    • дополнително осигурување на раководители (менаџери);
    • дополнително осигурување од незгода со патничкото осигурување;
    • дополнително осигурување од спортска незгода со патничкото осигурување.

    2. НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ ВО МОТОРНИ ВОЗИЛА ИЛИ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ПОСЕБНИ ДЕЈНОСТИ

    Овој вид осигурување ги опфаќа следниве видови на осигурување на лица од последици на несреќен случај:

    • осигурување на возачи, патници и работници од последици на несреќен случај (незгода);
    • осигурување на членови на спортски организации од последици на несреќен случај;
    • осигурување на летачки персонал и патници при управување и возење со авион и други воздушни летала од последици на несреќен случај.

    3. ОСИГУРУВАЊЕ ХА ДЕЦА И УЧИЛИШНА МЛАДИНА ОД ПОСЛЕДИЦИ НА НЕСРЕЌАН СЛУЧАЈ

    Ова осигурување опфаќа , и тоа:

    • Осигурување на деца и
    • Осигурување на ученици и студенти.

    5. ОСИГУРУВАЊЕ ХА ГОСТИ, ПОСЕТИТЕЛИ И ТУРИСТИ ОД ПОСЛЕДИЦИ НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ

    Овој вид осигурување опфаќа две видови на групи за осигурување на лица од последици на несреќен случај , и тоа:

    • Осигурување на гости во хотели, мотели, кампови, бунгалови, бањски лекувалишта, јавни капалишта и сл.
    • Осигурување на посетители на културно - уметнички, спортски и други приредби.

    6. ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧИ

    Претпријатијата кои продаваат електрична енергија, гас и други средства за огрев и осветлување ги осигуруваат своите потрошувачи од последица на несреќен случај. Ова осигурување може да се договори:

    • За потрошувачот на чие име гласи сметката
    • За секој член на домаќинството на потрошувачот

    7. ОСТАНАТИ ПОСЕБНИ ОСИГУРУВАЊА НА ЛИЦА ОД ПОСЛЕДИЦА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ

    Според овој вид на осигурување од последица на несреќен случај може да се осигураат:

    • Осигурување на лица за време на феријално летување, зимување, и логорување
    • Осигурување на учесници на курсеви за скијање и пливање од последица на несреќен случај
    • Осигурување на учесници на работнички спорстки игри

    8. ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ПАТНИЦИ ВО ЈАВЕН ПРЕВОЗ

    Со законот за осигурување е пропишано обавезно осигурување на сите патници во патен, железнички, воздушен и поморски превоз. Осигурувањето го склучува договорувачот-превозникот, кој е во обврска да ја плати премијата. Овие Услови се се исти за сите осигурителни друштва. Ова осигурување покрива осигурување од ризик смрт од несреќен случај и траен инавлидите како последица од несреќен случај.

    ВЕСТИ И НАСТАНИ
    МАРКЕТИНГ
     

    2008 Albsig, all rights reserved.