ОСИГУРУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕВОЗНИЦИ ВО ДОМАШЕН И МЕЃУНАРОДЕН ПРЕВОЗ (ЦМР)
Овој вид на осигурување е наменето на правни и физички лица кои се регистрирани и обавуваат комерцијални дејност во јавенпревоз, како во внетрешниот така и во надворешниот превоз. Со ова осигурување е осигурена само одговорноста на превозникот (пратката не е осигурена)
Одговорноста на превозникот е лимитирана по кг. превезувана тежина според пазарната цена во време и место на натовар на стоката.
Покритието кое се нуди на осигурениците кои обавуваат превоз во меѓународен превоз , во потполност се во склад со Конвенцијата за меѓународен превоз на стока (ЦМР).
ЦМР осигурување - покрива штета за докажана одговорност на превозникот од:
- целосна и делумна загуба на пратките (сообраќајна незгода,пожар,експлозија,кражба со 20% франшиза)
- штетување на пратките
- задоцнување при предавање на пратките и:
- трошоци за вонсудски и судски спор;
- досудени камати, превозници,вонредни трошоци за претовар, растовар, лежарина, складишнина.
Превозникот маже да ги осигура сите возила што ги поседува, или само некои од својот возен парк:
Носител на осигуреното покритие е влекачот, т.е видот на товарното возило
Секое возило добива посебна годишна полиса на македонски или англиски јазик:
Осигурувањето се склучува со рок на траење од 1 год. и ги покрива сите превозни пратки во текот на годината.
АЛБСИГ осигурување ќе Ви ги надокнади и следниве трошкови иако тие го поминат лимитот на покритие:
- Трошкови за спор, правни работи
- Трошкови за спасување на стоката (до износ на возарината)
|