ИМОТНИ ОСИГУРУВАЊА
(непроизводствени и услужни дејности,Пожар цивил)
Подрачје на примена
Oва осигурување се применува кај осигурувањата на подвижни и неподвижни предмети од опасност од пожар и некои други опасности.
Предмет на осигурување можат да бидат:
- Земјоделски стопанства
- Згради, мебел и други подвижности
- Стоки, во трговски дуќани, угостителски објекти и складишта
- Резерви на дрва, јаглен на слободен простор
- Шуми, соборени стебла и изработено дрво на шумско подрачје
- Ниски и слични градби
- Музеи и изложби
- Театри, кина, циркуси и сл.
- Саеми
Осигурени опансости
Осигурувањето по овие Услови дава осигурителна заштита од следниве (основни) ризици
- Пожар и удар од гром
- Експлозија, освен експлозија на нуклеарна енергија, доколку поинаку не е договорено
- Излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација
- Луња
- Град
- Удар со сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во осигурените градежни објекти
- Паѓање на воздушни летала
- Манифестации и демонстрации
Доколку се договори и плати доплатна премија, осигурителната заштита се проширува на еден или на повеќе дополнителни опасности, според тоа ќе се договори, и тоа:
- Поплава и порој
- Лизгање и одронување на земјиште
- Слегнување на тло
- Снежна лавина
- Истечување на течности (лекажа)
- Самозапалување на течности
- Излевање на вжарена течна растопена маса
- Удар на непознато моторно возило во осигурен градежен објект
|