ПАТНИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
АЛБСИГ Македонија - Скопје ,врз основа на договорот за осигурување и платената премија ги обезбедува следните видови помош и осигурителни услуги наведени во договорот, кои произлегуваат од осигурените случаи што ќе настанат во странство.
- Здравствена помош и осигурување:
- Помош при патување и осигурување:
- Осигурување на багаж:
- Осигурување од незгода:
- Дополнително осигурување од незгода (само ако е платена посебна премија):
- Дополнително осигурување од спортска незгода (само ако е платена посебна премија)
Склучување на договор за осигурување
Осигурувањето може да се склучи само за лицето,кое во моментот на потпишувањето на договорот престојува на територијата на Р.М. Следен услов за склучување на договорот е да се покаже пасошот на осигуреникот при плаќање на премијата.
Важност на осигурувањето
Осигурувањето може да се склучи за период од најмногу 365 дена,имајќи ги во предвид Условите за осигурување. Осигурувањето започнува - исклучиво надвор од територијата на Р.М. - најрано веднаш по плаќање на премијата,во кој случај,часот и минутата на пополнувањето на полисата морат да бидат наведени,или во 00,00 часот на денот кој во полисата е наведен како почеток на осигурувањето и трае до 24,00 часот на денот наведен како истек на осигурувањето.Полисата може да биде издадена најрано 180 тиот ден пред почетокот на осигурувањето.Осигурувањето не може да се продолжи.
Кој може да биде осигуреник
Осигуреник може да биде секое лице кое е жител на Р. М. и кое патува во странство за приватни цели, како стипендист или на привремена работа , но не за вршењее на физичка работа.
Осигуреник, може да биде и лице кое не е жител на Р. М. кое не патува во земјата на неговото постојано живеење.
Лицето кое навршува 70 години во времето на траењето на осигурувањето, може да склучи осигурување за максимум 90 дена .
Забелешка; Не може да биде осигуреник, лице кое врши постојани странски услуги, кое се наога на постојана работа во странство и членовите на неговоѕо семејство.
|