СТАКЛО ОД КРШЕЊЕ
Предмет на осигурување;
Предмет на осигурување во смисла на Условите за кршење на стакло можат да бидат;
- сите видови стакла, светлосни натписи и реклами, слики, натписи и украси изработени на осигурени стакла, мермерни плочи од вештачки камен на маси, пултови, регали и сл., порцулански мијалници, клозетски шолји, огледала на улици, културни, историски и надгробни споменици од камен, бетон и метали. Покрај светлосните реклами, осигурени се и нестаклените делови и рамки што се нивни составен дел.
- неонски цефки и други светлосни цевки со придружни уреди и без нив
Осигурени опасности (ризици)
Со осигурувањето по овие Услови се дава осигурително покритие од уништување или оштетување на осигурените предмети поради остварувањето на било која од опасности (ризици) на кои се изложени осигурените предмети, освен за штети предизвикани;
- од грабнатини, разјадување и слични оштетувања на површината од осигурените предмети
- од лизгање и слегнување на почвата (земјиштето)
- при преместување или местење на осигурените предмети во простории што не се означени во исправата за осигурување,
- кај надгробните споменици при отворање и затворање на гробници.
Ако посебно се договори, осигурувачот исто така ќе биде во обврска да исплати надоместок и за штета
- на слики на стакло, натписи, украси, ако штетата е предизвикана од ист штетен настан,како и штета на самото стакло на која се наога слика, односно натпис или украс
- на предмети сместени во излог, оштетени или уништени од директен удар на осигурените предмети.
- ако се договори осигурување на неон цефки со другите припадни уреди, осигурувањето ги покрива и штетите од непосредно дејство на електрична стрија (краток спој), пожар на кабли и сл.
Осигурувачот е во обврска исто така да ги надомести
- трошоци за евентуално привремено најнужно застаклување.
- трошоци за симнување и привремено местење на предмети што пречат при поставување на ново стакло.
|