ТРАНСПОРТНИ ОСИГУРУВАЊА
Наменето е за клиенти кои имаат интерес за стоката која се превезува, а најчесто се сопствениците на робата.
Според превезувањето на стоката АЛБСИГ Ви нуди два вида на осигурување на стока во транспорт и тоа :
- Осигурување на пратки во домашен транспорт и
- Осигурување на пратки во мегународен транспорт
Пратки во домашен транспорт
Како домашен транспорт се сметаат пратките кои се превезуваат и пренесуваат во границите на Р,Македонија со домашен товарен лист,договор или испратница.
Па според тоа,осигурувањето на домашен транспорт може да се договори со:
влезни или излезни фактури
- а ) Генерална полиса- влезни и излезни фактури
според збирот на пратките на ризик на
осигуреникот
- б ) Поединечна полиса- само поединечни пратки
А. ГЕНЕРАЛНА ПОЛИСА
Осигурувањето со Генералната полиса се договара на основа на условите за осигурување на пратки со Г.П. .Истата има големи предности, а ние ќе наведеме неколку.
- Дава широко осигурително покритие:(Против Сите Ризици)-ААР
- Осигурувањето трае неодредено време, а осигуреникот договорената премија ја плаќа врз основа на остварениот промет квартално,полугодишно или годишно.
- Осигурувањето се договара на типски образец кој се изработува компјутерски.
- Осигурителното покритие ААР може да се прошири и со вклучување во осигурување на специјални и дополнителни ризици.
- Премиските стапки се мали и е мегу најевтините осигурувања.
Осигурени ризици:
Ова осигурување ги покрива сите загуби или оштетувања на стоката која настанала како последица на сообраќајна незгода,елементарна непогода,при пагање на колети од возилото,пожар,експлозија на мотор или резервоар,делумна кражба,кражба на целиот товар,разбијништво итн.
ВАЖНО: Клаузула ААР
Оваа клаузла ги покрива сите штети кои настанале поради физичка загуба или оштетување на осигурената стока, но во никој случај не може да се смета дека ги покрива и штетите кои настанале поради природни својства или маани на самата стока и сл.Клаузулата ААР не значи дека се покриени сите штети и затоа е најдобра варијанта да се понуди осигурување ААР + специјални и дополнителни ризици, каде што може да се даде целосно осигурително покритие.
Специјални и дополнителни ризици
Најчести ризици кои ги бараат клиентите, а ние како компанија им ги нудиме се:
- расипување на расипливи стоки
- смрзнување,стврднување,одмрзнување и сл.
- самозапалување и самоексплозија
- кршење на лесно кршливи стоки
- угинување на животни
- превоз на пари, валути, племенити метали
- предмети тешки над 20 тона
- течење масло кај трансформатори
- превоз и пренос на скапа опрема(предаватели и сл.)на мест на монтажа.
Б. ПОЕДИНЕЧНА ПОЛИСА
Предмет на осигурување со оваа полиса се пратките кои се превезуваат пропратени со домашен товарен лист, фактура или испратница за сите видови на превозни средства на територијата на Р.М.
Со оваа полиса се осигурува конкретна пратка од моментот кога стоката ќе го мине прагот на складот на испраќачот,односно од моментот на нејзиниот натовар и трае до моментот на завршување на истоварот.најкасно 24 часа сметано од моментот на пристигнување на стоката во складот на приемачот.
Најчесто се бара осигурување ААР + некој специјален ризик( расипување,кршење,течење масло кај трансформатори и сл.)
Осигурувањето може да се заклучи само пред започнување на превозот.
Доколку имате потреба Вашата роба да биде осигурена, обратете се на нашиот стручен тим каде ќе ги добиете сите детали, информации и најповолни услови И цени.
|