ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ
Предмет на осигурување
Предмет на осигурување можат да бидат домашни животни и тоа:
- копитари (коњи, маски, мули и магариња) со старост од 10 дена до наполнети 18 години, односно 21 година доколку во осигурување кај осигурувачот се непрекинато од 15-годишна старост.
- Говеда и биволи со старост од 10 дена до наполнети 12 години, односно 15 години, доколку во осигурување кај осигурувачот се непрекинато од 9-годишна старост.
- Овци и кози со старост од 3 месеци до наполнети 12 години, односно 15 години, доколку во осигурување кај осигурувачот се непрекинато од 9-годишна старост.
- Свињи со старост од 21 ден и со најмала тежина од 5 кг до наполнети 7 години.
Други видови домашни и други животни, како и животни под и над старосните граници (само по посебни услови).
Осигурени опасности (ризици)
Пцовисување на осигуреното животно поради болест или несреќен случај,
Принудно колење на осигуреното животно кога поради болест или несреќен случај го застрашува непосредна опасност од пцовисување, па колењето се врши со цел за искористување, односно намалување на штетата (принудно крдење поради опасност по живот).
Принудно колење или принудно убивање на осигуреното животно, кога поради болест или несреќен случај не го застрашува непосредна опасност од пцовисување, но станало неупотребливо за која и да е цел, и нема изгледи таа состојба да се измени со лекување (принудно колење од економски причини).
Трошоци за здравствена заштита, ако е посебно договорено.
Кастрација и овариотомија, и други ризици договорени по Посебните услови за осигурување
- Животните се осигуруваат на вредност која ќе се договори со договорувачот.
|